Куршум паднал во продавница за бела техника во Куманово, информираше денеска полицијата.

Како што информираат од СВР Куманово, вработена во продавница за бела техника на улица „11-ти Октомври“ во Куманово, пред два дена пријавила дека зрно од огнено оружје го пробило кровот и паднало во продавницата.

Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Полицијата работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2022 16:06