Фестивалот „Звукот на Скопје“ продолжува вечер со концерт на модерна, моќна и енергична музика на плоштадот „Мајка Тереза“ и на „Ибни Пајко“.

На плоштадот „Мајка Тереза“ ќе настапат Брука бенд, Фулиш Грин, Бла Бла Бла, Тони Китановски и Черкези и Љубојна,

Додека на „Ибни Пајко“ ќе се претстават Баклава, Дориан и Добрила Дуо и „Перија“, а ќе може да се погледне и изложбата на колажи на Игор Калц. Ќе има и поетско читање, а за најмладите генерации и нивните родители ќе биде изведена детската престава „Куферко светскиот патник од Македонија” на Симона Ристевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2022 09:35