Културно-информативниот центар на РепубликаМакедонија во Софија ќе учествува на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците – 26 септември. Како што јави дописникот на МИА од Софија, македонскиот штанд, кој ќе се наоѓа на плоштадот Славејков во Софија, ќе има своја програма за посетителите.
Ќе го води режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев – Антика од Штип, кој ќе биде придружуван од неговиот колега Пламен Великов од Софија. Посетителите ќе можат да добијат брошури и каталози од Република Македонија, како и да дознаат нови факти за македонската култура и јазик.
КИЦ на Република Македонија во Софија по шести пат учествува на оваа значајна културна манифестација.