На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 27 мерки за возење без возачка дозвола, четири мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 13 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, 12 санкции за користење мобилен телефон, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат, соопшти МВР.