Денеска (17.09.2022) во 04.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово – Отсек потраги го лишиле од слобода Ј.Л.(34) од Куманово.

Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување затворска казна, а бил осуден на казна затвор од 18 месеци за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Куманово за доиздржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2022 03:07