На 16.09.2022 во 15.50 часот во с.Слатински Чифлик, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ќ.П.(61) од с.Слатински Чифлик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 мм и 23 куршуми за ловечка пушка калибар 12 мм.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2022 03:08