ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.П.(50) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Тој, во текот на 2021 година, во повеќе наврати испраќал пораки на лице од друго струшко село и барал пари за претходно раскинат веридбен договор помеѓу членови на двете семејства.