На 16.09.2022 околу 12.50 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во с.Старо Конско, општина Богданци, Р.П.(72) од Кавадарци паднал од дрво во дворното место од викенд куќа и од здобиените повреди починал на местото.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.