На 18.09.2022 полициски службеници од Полициската станица Битола и криминалистичката полиција при СВР Битола извршија претрес во дом во Битола и патничко моторно возило во сопственост на В. Р. (38) од Битола.

При претресот е пронајдена и одземена марихуана, дробилки и други предмети со траги од марихуана. Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2022 10:33