Општина Аеродром објави јавен повик на кој ученици од социјално загрозени семејства и со статус на деца без родители ќе имаат можност да добијат целосно покриени трошоци за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Согласно јавниот повик, предвидено е да се доделат стипендии на ученици кои ќе се стекнат со високо образование, почнувајќи од академската 2022/23 година, за четиригодишни студии.

Рокот за пријавување е до 23 септември (петок), а право за аплицирање имаат сите дипломирани средношколци кои завршиле средно образование и кои се жители на Општина Аеродром и државјани на Македонија.

Градиме силна и просперитетна општина. Младите се иднината на Аеродром и ние континуирано ја докажуваме посветеноста за инвестиции во нивното образование. Останатите детални информации околу постапката за аплицирање и сите потребни документи граѓаните можат да ги најдат на следниот линк: http://aerodrom.gov.mk/vest/8989



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2022 11:55