Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера, во 16.30 часот и во 18.15 часот, ги лишиле од слобода Е.А.(26) и Е.Ф.(21) од гостиварски Добридол.

-Тие се сомничат дека на 16 септември годинава, извршиле тешка кражба во помошна просторија од куќа на 41-годишен жител на истото село, од која одзеле повеќе предмети, изврестуваат од МВР.

Од полицијата истакнуваат дека одземените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а против двајцата осомничени ќе следуваат соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2022 10:50