Поради дефект на улица „Орце Николов“ (кај „Вардар Мебел“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Алберт Ајнштајн“ и „Домбас“, како и дел од булевар „Илинден“.
Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот на снабдувањео со вода ќе трае од 09:00 часот до санирање на дефектот.
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска, од 10:00 часот, поради дефект на улица „Среќко Пужалка“, број 25, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од оваа улица, како и од улицата „Товарник“ во населба Ченто.
Корисниците без вода ќе бидат од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Утре, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Рудо“, „Марко Крале“, „Приштинска“, „Зуфер Мусиќ“, „Андре Мазон“, „Коле Канински“, „Мрежичка“ и „Мостарска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач и реконструкција на водоводна мрежа на улица „Бутелска“, раскрсницата со „Рудо“.
Корисниците без вода ќе бидат од 09:00 часот до завршување на работите.