На 18.09.2022 во 23.40 чaсот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.К.(26) од Велес. Тој во 23.00 часот со помош на подесен алат влегол во угостителски објект во Велес и одзел неколку предмети.

При обид да избега, тој бил спречен од полициски службеници и приведен во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2022 11:30