Во рамки на зајакнатите контроли на територијата на Република Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата санкционираше 240 возачи. Од нив 13 управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, како што информира МВР, 113 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2022 12:30