Во акциската контрола за време на викендот во Куманово полицијата санкционираше 181 возач кои управувале со возилата со брзина над дозволената, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.
– Полициските службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 181 возач, од кои 79 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 38 санкции биле за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола и 52 останати видови прекршоци, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и наредните денови. Полицијата апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот и заеднички да се придонесе за посигурни патишта.