Министерството за внатрешни работи информира дека, во периодот од 12 до 18 септември, во спроведена акциска контрола низ државата за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, биле санкционирани 28 лица.

-На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2022 13:23