Министерството за внатрешни работи во периодот од 12 до 18 септември спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 441 возач.
Од нив, 246 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 110 возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, а поради измината важност на регистрацијата одземени се три мотоцикли.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.