МВР информира дека денеска во скопската населба Лисиче, полициски службеници од Оперативен тим потраги при скопското СВР го лишиле од слобода К.Љ.(30) од Скопје.

-За него била распишана централна потерница од Основен кривичен суд – Скопје со која се барал за издржување затворска казна од година и пол за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, известуваат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2022 14:00