Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе биде домаќин на македонскиот штанд на Меѓународниот саем за земјоделство, лов, риболов и екологија „Интерагро 2022“ што од денеска до 22 септември се одржува во Бјељина, Република Српска.
Република Македонија е земја партнер на 20-тото јубилејно саемско претставување на овој меѓународен саем за земјоделство.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, македонскиот штанд ќе биде претставен со 13 домашни компании и на посетителите ќе им понуди македонско вино, домашни традиционални производи како ајвар, лутеница, чоколадна алва, таан и конзервирани производи.
Министерот Николовски ќе има обраќање на отворањето на меѓународниот саем „Интерагро 2022“.