Во рамките на фестивалот „Про-за Балкан“ во Францускиот институт во Скопје денеска од 17 часот ќе се одржи книжевна средба со Орор Туја, уредничка и координаторка за странска литература во една од најпрестижните француски издавачки куќи – Галимар.
Како што информираат од Институтот, Туја ќе земе учество на тркалезна маса во рамки на фестивалот на која ќе проговори за нејзината богата кариера и нејзината професија која се состои во координација на странски книжевности во издавачката куќа Галимар.