Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на слики од Агрон Абдули насловена „Мојот универзум”, која ќе биде поставена до 30 септември.
Агрон Абдули е роден 1971 година во село Џепчиште, Тетово. Дипломирал во 1999 година на Факултетот за ликовна уметност, на Универзитетот во Тетово, насока сликарство, во класата на проф. Тахир Емра. Постдипломските студии ги завршил во 2002 година кај истиот професор на Факултетот за уметност, при Универзитетот во Приштина.
Работи како професор на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот во Тетово.
Тој има учествувано на повеќе групни изложби во земјава и странство. Самостојно излагал во Македонија, Косово, БиХ и Франција.