“Days“ за Андроид

Уште колку има до Божиќ? Кога се договоривме да одиме на журка? Неможам во сабота, на фамилијарен ручек сум.

Апликацијата “Денови“ е иновативна и лесна за користење апликација која Ве потсетува на сите важни настани без да го користите календарот на телефонот и без да користите други сложени и непрегледни потсетници. Оваа апликација ги покажува настаните, кои сте ги внеле за потсетување, на вашиот “home screen“ со одбројување на деновите кои преостануваат до случување на настанот. Апликацијата е ефикасна, елегантна и доста корисна.

Исто така оваа апликација дава можности за подесување на форматот на датумот, редуцирање на настаните, лични известувања како и архива.

Корисниците на андроид апликацијата можат да ја превземат од “play store” бесплатно само во текот на денешниот ден.

“myTuner Radio Pro: Stream and listen live stations “ за ИОС

Апликацијата “Радио про“ овозможува следење и слушање на радио станици во живо и тоа на повеќе од 30.000 радио станици во 150 различни држави. Корисниците на ИОС во Република Македонија преку оваа апликација можат да најдат повеќе од 20 домашни радио станици.

Корисниците на ИОС денес можат да ја превземат бесплатно а истата чини 2.29 фунти.

Апликација на денот – 02.01


Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2017 15:05