Кумановската полиција приведе струмичанец кој превезувал мигранти од Сирија. Вчера во 16:15 часот во населбата Долно Којнаре, Кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(20) од Струмица.
– При контрола на патничко возило „форд фокус“, со бугарска национална ознака, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, соопшти полицијата.
По документирањето на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.