Екипите на Сандерленд и Ливерпул ремизираа во попладневниот натпревар од 20-тото коло во Англиската премиер лига. Гостите поведоа со голот на Даниел Стариџ во 19-тата минута од натпреварот но само 6 минути подоцна Џереми Дефо успеа да го израмни резултатот по ударот од белата точка по сомнително досудениот пенал. Во вториот дел сценариото на натпреварот беше слично со тоа што Мане им донесе второ водство на Ливерпул со голот во 72-та минута а тимот на Сандерленд на 6 минути пред крајот на натпреварот повторно доби пенал и повторно Џереми Дефо стрелаше прецизно за изнедначување и конечни 2:2.

Ливерпул се задржа на втората позиција на табелата на само 2 бода пред Сити и 5 помалку од лидерот Челзи кој во среда го има дерби натпреварот на колото против Тотенхем.

Екипата на Манчестер сити пак по поразот од Ливерпул во минатото коло успеа да се врати на победничките патеки и го совлада Барнли на домашен терен со 2:1. Тимот на “граѓаните“ во првиот дел останаа со играч помалку од како во 32-та минута Фернандињо доби директен црвен картон а тоа воопшто не му се допадна на неговиот тренер Гвардиола, кој од бес и лутина го фрли својот капут.

Сепак во второто полувреме Манчестер сити успеа да се стабилизира и преку головите на Клиши и Агуеро дојдоа до предност од два гола додека гостите немаа сили за изненадување и до крајот на натпреварот постигнаа само почесен гол.

Од останатите натпревари, актуелниот шампион Лестер ремизираше нагости против мидлсброу со најнепопуларните 0:0, додека Евертон и Вест Бромвич Албион славеа на домашен терен со 3:0 против Саутемптон односно 3:1 против Хал.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2017 17:20