Само пет месеци откако седна на тренерската клупа, 44-годишниот стратег Стив Купер доби отказ од раководството на премиерлигашот Лестер поради слаби резултати.
Одлуката на челниците на Лестер уследи по поразот на домашен терен од Челзи со 1-2, што беше трет пораз за Лестер во последните четири првенствени натпревари. Во овој период Лестер под водство на Купер остана непоразен само на гостувањето против Ипсвич (1-1).
Лестер во моментов е многу блиску до опасната зона за испаѓање, само еден бод над неа. Се наоѓа на 16. место и досега собра само две победи и четири нерешени на 12 натпревари. Минатата сезона Лестер обезбеди враќање во Премиер лигата на доминантен начин преку Чемпионшип.