Согласно позитивните законски решенија во нашата земја, Претседателот на Република Македонија треба да го додели мандатот за формирање на Влада на политичката партија која освоила најмногу пратеници на парламентарните избори. До истекот на роковите, остануваат уште седум дена односно 9-ти јануари е последниот рок за доделување на мандатот од страна на Ѓорѓе Иванов.

По доделувањето на мандатот, мандаторот има рок од 20 дена да го достави до Собранието на Република Македонија предлогот за членови на Владата како и програмата за работа на Владата. Доколку не се изгласа Влада, односно мандатарот не успее да состави Влада, мандатот повторно се враќа кај Претседателот и тој има дискреционо право мандатот да им го додели на партиите кои освоиле најголем број пратеници после победничката партија која не успеала да состави Влада.

Но дали, ќе дојде до ваков расплет останува да видиме во наредниот месец дена. Со оглед на изборните резултати сите опции на политичката сцена во Република Македонија се отворени. Се чини дека Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов ќе го чека последниот момент за доделување на мандатот на победничката партија, а потоа сигурно ќе бидат искористени максималниот број на денови кои се дефинирани како рок за формирање на Влада.

По изјавата на лидерот на интегративците Али Ахмети дека преговара и со победничката ВМРО – ДПМНЕ но и со СДСМ кои освоија два мандати помалку, јасно е дека партиите преговараат во полн ек, а Претседателот тактизира со доделување на мандатот, во овој случај во интерес на партиите.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2017 21:28