Полициски службеници во Скопје лишија од слобода 46-годишник осомничен дека извршил разбојништво.

– Во 12:00 часот денеска на улица „11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д. (46) од село Вражале, Општина Зелениково. Тој се сомничи дека на 16.09.2022 извршил кривично дело разбојништво, односно дека со употреба на сила од такси возач одзел пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2022 16:10