Како и во речиси сите сфери така и во сексуалниот живот, успехот за добар и исполнет сексуален живот, се сведува на отворен и искрен разговор помеѓу партнерите. Ако знаете што сакате од сексот, многу е поголема веројатноста дека тоа и ќе го добиете но само доколку партнерот е свесен за вашите потреби.
Кога ги знаете Вашите потреби, а имате впечаток дека вашиот неможе доволно добро да ве задоволи, опуштете се и разговорајте со него/неа за тоа. Иако најголемиот број на жени се резервирани во однос на вакви разговори и на оваа тема не сакаат да говорат премногу сепак, подоцнежните резултати односно целосното уживање додека водите љубов ќе наорави Вие да посакате повторно да разговарате на истата тема за да ги усовршите деталите.
Разговорите за сексуалните желби во кревет може да бидат романтично искуство, нешто што може многу да ве зближи но можат да бидат и точка на раздор.
Кога ќе дојде до разговор, тој секогаш со себе носи и промени во врската, во најголем број од случаите, на подобро. Пред да се впуштите во дискусија, договорете се дека и двајцата ќе бидете потполно искрени, со отворен ум и нема да се осудувате еден со друг. Пристапете кон тоа со љубопитност и немајте ни малку срам во поставувањето на прашањата а уште помалку во давањето на одговорите.