Улицата „Перо Наков“ која што е повеќедецениски проблем за граѓаните и за сите оние коишто транзитираат на овој потег во Општината Гази Баба, ќе биде целосно реконструрана.
Проектот го, најави градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која посочи дека ќе се реконструираат точно околу два километри од оваа улица која во моментов е вели, во катастрофална состојба. Реконструкцијата следи на барање на граѓаните кои живеат и гравитираат околу месните заедници „Кирил Петрушевски“, „Триангла“ и „Маџари 1“.
Инаку, ова е второ јавно појавување на Арсовска пред граѓаните каде што таа промовира проекти и втор пат без градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, што претходно не беше практика. Денеска со неа не беше Градоначалникот на Гази Баба, Стефковски, додека вчера при увид на градежните работи за „мега“ паркот во Ѓорче Петров исто така таа беше сама односно не беше придружувана од градоначалникот Стојковски.