Спротивно да мислењето дека најмногу алкохол се конзумира во Русија, според статистичката анализа на Индипендент сепак Русите не се најголеми конзументи на алкохол. Нив дури ги нема ни во топ 10-те светски земји кои конзумираат најмногу алкохолни пијалоци. Согласно истражувањата најмногу алкохол се пие во Белорусија, дури 17,3 литри по глава на жител на годишно ниво.

Во топ 10 светски земји по конзумирање влегуваат:

1. Белорусија

2. Литванија

3. Чешка

4. Хрватска

5. Австрија

6. Португалија

7. Франција

8. Ирска

9. Естонија

10. Унгарија

Република македонија пак на мапата на најголеми конзументи на алкохол се најде на “ниското“145 место со 1,16 литри по глава на жител. Македонците најмногу конзумираат пиво, односно 0,59 литри по глава на жител, додека најмалку вино односно 0,23 литри по глава на жител.

Европјаните и понатака се најголеми конзументи на алкохол во светот, додека најмалку се пие на северот во Африка и на Блискиот исток.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2017 13:52