Иако во новата 2017 година Дизни ќе објави речиси половина помалку филмови за разлика од лани, сепак интересот за овие филмови е на високо ниво. Најмногу се очекува од филмот “Убавицата и ѕверот“ чија премиера е закажана за во март оваа година.
1. “Убавицата и Ѕверот“ – Март 2017
Главна улога во филмот има ја игра Ема Ватсон како Бел, а ова издание на Убавицата и ѕверот ќе биде во филмска продукција. Премиерата е закажана за 17 март оваа година. Иако не е направена модерна верзија на оригиналниот анимиран филм од 1991 година, филмската верзија ќе се карактеризира со истите ликови и скоро истите сцени кои го направија овој филм вистински хит.
2. “ Роден во Кина” — April 2017
21 април, на само еден ден пред денот на планетата Земја е резервиран за промоција на документарниот филм “Роден во Кина“. Наратор Џон Красински раскажува за три загрозени животински семејства, односно мајка – Панда со своето дете, две годишен златен мајмун со неговата дружина и за бел леопард и нејзините две младенчиња.
3. “Пиратите од карибите“ - Dead Men Tell No Tales” — May 2017
Капетанот Џек Спероу чекаше пет години за да се врати на пиратскиот брод „Црниот бисер“ во новата сага за пиратите од Карибите. Новиот филм со наслов Pirates Of The Caribbean: Dead Men Tell No Tales својата премиера ќе ја доживее на 26 мај 2017 а во него главниот непријател е гневниот капетан Салазар кој е во потрага по награда за уценети пирати. Улогата ја толкува шпанскиот актер Хавиер Бардем додека легендарниот лик на Спероу го глуми неверојатниот Џони Деп.
4. “Автомобили 3” — June 2017
Молњата - Меквин (Овен Вилсон) по несреќата го губи пиедесталот на најдобар и најбрз возач и е принуден да се повлече од спортот и трките со автомобили. Но, со помош на новиот љубител на автомобили Круз Рамирез, Меквин ќе добие желба да се трка повторно, овој пат против својот нов ривал, Џексон Бура.
5. “Coco” — Nov 2017
Инспириран од страна на мексиканската “Dia de los Muertos“ "Коко" ќе го следи 12-годишниот Мигуел (Ентони Гонзалес) кој што влегува во еден синџир на мистериозни настани кои водат кон обединување на семејството. Во режија на Ли Ункрих режисерот и екипата на Пиксар направија неколку патувања во Мексико за да ги дефинираат ликовите и приказната на филмот.