На 18.09.2022 во 23.40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.К.(26) од Велес. Тој, во 23.00 часот, со помош на подесен алат влегол во угостителски објект во Велес и одзел неколку предмети.

При обид да избега бил спречен од полициски службеници и приведен во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2022 04:50