Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на крстосницата на „Бутелска“ со „Марко Крале“, денеска од 08:30 часот, па до завршување на активостите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Марко Крале“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и каналзиација“, воедно денеска поради изведување на зафати за реконструкција на резервоарот во село Копаница, ќе има прекин на водоснабдувањето за корисниците од село Копаница и Буковиќ.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато почнувајќи од 9 часот, па се до завршувањето на интервенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2022 08:31