Изложба насловена „Зад Македониумот“ ќе биде отворена попладне од 17 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

На изложбата ќе бидат престатвени скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на Македониумот во Крушево, еден од нашите најпознати споменични обележја.

Изложбата во Кабинетот на Претседателот е организирана по повод одбележувањето 31 година независна македонска држава.

За широката јавност изложбата ќе биде достапна за посета преку платформата Отворен Кабинет, од 22 до 30 септември 2022.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2022 10:04