Најпознатиот симбол на Холивуд за момент доби нов изглед па така популарните зборови “Hollywood” преку ноќ станаа “Hollyweed”. Полицијата го истражува случајот за да ги пронајде сторителите а локалните жители говорат дека промената на буквите о во е алудираат на марихуана (weed на англиски) поради локалниот референдум за легализација на марихуаната кој жителите на овој кварт го имаа на денот на Претседателските избори.

Иако го предизвика светското внимание, сепак, на знакот не е причинета никаква материјална штета бидејќи буквите се прекриени со церада.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2017 01:27