Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го посети населеното место Страчинци каде што се пушти во употреба новиот спортски терен изграден на подлога од вештачка трева.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Пуштено во употреба новото спортско игралиште на подлога од вештачка трева во Страчинци. Утрово имав можност да го посетам подрачното училиште на ООУ Кирил и Методиј во населеното место Страчинци со цел да го пуштиме во употреба новото игралиште на подлога од вештачка трева што го изградивме во дворот на училиштето. Игралишето го отворивме со активност организирана во рамки на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието каде ученици од различни етнички заедници изведуваа штафетни вештини. Им благодарам на наставниците по физичко и здравствено образование од централното и подрачното училиште на ООУ Кирил и Методиј за одличната организација на активноста која ја организираме согласно заклучоците на Советот за превенција. Изминатиот период се инвестираше и во училишниот двор каде што се изгради плочник од павер елементи, беше поставена урбана опрема и целосно се изгради потпорниот ѕид. Реализацијата на проекти продолжува насекаде низ општина Гази Баба. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2022 12:32