МВР информира дека завчера во шума кај село Буковиќ, службеници од Полициското одделение – Сарај го лишиле од слобода И.Р. (65) од ова скопско село.

– Тој бил затекнат при бесправна сеча на огревно дрво и кај него била пронајдена моторна пила, која била одземена и предадена на Шумска полиција, известуваат од полицијата.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2022 12:52