Двајца прилепчани се приведени вчера, откако полицијата ги затекнала при извршување кражба.
Како што информираа од МВР; вчера во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б. (34) и А.М. (32), двајцата од Прилеп, кои биле затекнати при извршување кривично дело кражба во круг на прилепска фабрика. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои го вршеле делото.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.