СВР Тетово информира дека жител на кумановско Ваксинце бил приведен на Универзитетот во Тетово поради нарушување јавен ред и мир со агресивно однесување. Настанот се случил околу половина час предпладне во просториите на Универзитетот во кругот на Клиничка болница Тетово.

-Денеска (21 септември) во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(42) од с.Ваксинце, општина Липково, затоа што претходно на Државниот универзитет Тетово го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработениот М.Т.(36) од Тетово, информираат од СВР Тетово.

Приведениот бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2022 03:14