Квалитетот на наставата ќе го обезбедиме преку награди, а не преку казни. Најдобрите наставници и училишта ќе бидат јавно наградувани. Од оваа 2017 година нема екстерно тестирање и стрес за учениците, наставниците и професорите.
Екстерното тесритање е еден од најлошите потези во образованието во Македонија, што не донесе никакви резултати во образовниот процес, освен што ги истрауматизира децата и учениците. Исто така и служеше на досегашната неодговорна власт за притисоци врз наставниците и професорите.
10-годишната властво заминување експериментираше со образованието и затоа го уништи до темел. За многу брзо време тоа завршува. Екстерно тестирање нема да има. Ќе обезбедиме квалитетно образование преку примена на успешен европски модел. Ќе го намалиме бројот на предмети со коишто се сега непотребно преоптоварени учениците. Ќе го намалиме и бројот на ученици во паралелка, најмногу на 25-мина, со цел квалитена настава.
За сите реформи во образованието ќе водиме јавна расправа и консултации со сите засегнати страни во образовниот процес. Наша задача и обврска е од училишните и студенстките клупи да излегуваат успешни млади луѓе, конкурентни на пазарот на трудот, со желба да живеат и да работат во Македонија. И ќе го направиме.