Во организација на Стрип центар на Македонија – Велес под покровителство на Општината, од денеска Велес ќе биде центар на стрип културата, каде што ќе бидат изложени сите пристигнати дела на објавениот меѓународен конкурс.
Свеченото отворање на 19-от Меѓународен салон на стрип „Велес 2022“ е закажано за вечер во 20 часот во Ликовнит салон во Велес.
Како што информираат од СЦМ-Велес, на отворањето ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите во повеќе категории. Изложбата ќе биде поставена до 30 септември секој работен ден од 8 до 16 часот. Оваа стрип – манифестација е единствената од ваков вид во земјава.
Воедно, во исто време, во Спомен – куќата на Касапови во Велес од денеска до 25 септември ќе се одржи и четвртата Стрип колонија „Велес 2022“, која е втора во Европа колонија од ваков вид. На неа, како што најавија од СЦМ-Велес, ќе учествуваат петнаесетина стрип автори од државата, Србија, Романија и Албанија.
Стрип изложбата и колонијата е отворена за сите заинтересирани љубители на стрипот