НУ Завод и Музеј-Битола вечер ќе промовира мултимедијална изложба „Нови естетики, нови простори”, на која ќе бидат претстави пет современи македонски и српски уметници.
Станува збор за дела од областа на видео, фотографија, дигитална анимација, дигитален цртеж, објект, инсталација, амбиент…чии автори се Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски од Северна Македонија, и Весна Перуновиќ, Стеван Којиќ и Божo Васиќ од Србија.
Уметниците припаѓаат на средната генерација, имаат богати биографии на изложбени активности, бројни награди, меѓународно искуство и значајни истражувања во областа на визуелната уметност.
Изложбата „Нови естетики, нови простори“ ќе биде отворена во КЦ Магаза.