Најновиот проект на првата платформа за аудио книги на македонски јазик „Самоглас“, поткастот „Демобилизација“, е посветен на процесот на создавање нова македонската музика и е веќе достапен. Шесте епизоди кои се снимени во рамки на проектот ќе бидат објавувани секоја втора недела до крајот на ноември годинава.
Како што информираат од „Самоглас“, Ива Дамјановски и Виктор Танасковски се автори на поткаст во кој секоја епизода е посветена на една песна од по еден македонски артист кој ја раскажува нејзината приказна. Првата епизода е посветена на „Дерма“, првиот сингл на „О, Убавче“. За неа разговараат со Мартин Џорлев и Лила Мирчевска.
Сите заинтересирани може бесплатно да ја посетат аудио библиотеката преку креирање кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на „Самоглас“, достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery.
Сите оние кои сакаат да се во тек со „Самоглас“, можат да ги следат нивните официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.