Филмот „Бисер“ (Pearl), вториот филм од трилогијата во режија на Тај Вест, има тешка задача – да ги исполни високите очекувања, по успехот на првиот дел „Х“. Сепак, судејќи според првите критики, овој хорор може и да го надмине својот претходник.

Меѓу оние со најсилен впечаток од свежиот, имагинативен пристап кон темата, која со години делуваше целосно исцрпена, е и познатиот режисер Мартин Скорсезе. Оскаровецот вели дека бил толку згрозен, но воодушевен од хоророт, што решил и јавно да го напише своето видување на сѐ тоа.

„Филмовите на Тај Вест имаат енергија, толку ретка деновиве, поттикната од чистата, неразредена љубов кон филмот. Ја чувствувате во секој кадар. Како претпродолжение на „Х“, направен во дијаметрално спротивниот филмски стил (како мелодрама од 50-тите), ‘Бисер’ нуди диви, хипнотизирачки и длабоко, длабоко вознемирувачки 102 минути. Вест и неговата муза и креативна партнерка Мија Гот навистина знаат како да си играат со својата публика, пред да го заријат ножот во нашите гради и да го завртат. Бев вџашен, шокиран, па исто толку и вознемирен, а потоа не можев да заспијам. Но, не можев ниту да престанам да гледам“, напиша Скорсезе во својот осврт.

Последниот дел од трилогијата – „Максин” (MaXXXine) е веќе најавен и двојката веќе работи на него.

„Бисер“ беше премиерно прикажан на Венецискиот филмски фестивал и сега се прикажува во кино



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2022 01:07