В понеделник ќе се одржи 44. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. За таа цел е објавен повик до сите истражувачи кои се заинтересирани да учествуваат на сесијата. Поотребно е да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до недела, 25 септември 2022 година.

Како што информира Народна банка, на сесијата ќе биде презентиран трудот „Анализа на читливоста, темите и тонот на соопштенијата за јавноста за монетарната политика на Народната банка“ од Анита Циунова-Шулеска, Тања Јакимова и Николина Паламидовска-Стерјадовска. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

-Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и разработка на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето, се наведува во соопштението.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења може да се презентираат резултати и сознанија и од истражувањ /труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2022 01:25