Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска и утре ќе се се одржи семинар со наслов „Сите бои на конзервацијата“. Предавач е Кристина Хорјак од Народниот музеј во Белград, Србија, а на семинарот ќе учествуваат 11 конзерватори од нашава земја.

Целта на проектот е да се зголеми посетеноста во музеите, за повеќе категории посетители, преку десет обуки и семинари, за музејските професионалци од музеите во Скопје.

Во текот на оваа година беа реализирани пет семинари на различни теми од областа на музејската едукација, маркетинг во музеите, пристапност и инклузија во музеите, интерпретација, развој на публика и друго во соработка со искусни предавачи од Балканот.

Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.

Семинарот е дел од меѓународниот прокет „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија, а во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2022 09:31