На 23 септември 2022 во периодот од 04.00 до 16.00 часот во водите на Охридското Езеро, од вливот на река Сатеска до с.Радожда, струшко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ и претставници од Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид презедоа зајакнати мерки и активности за откривање на случаи на незаконит риболов.
Притоа биле пронајдени 15 висечки рибарски мрежи со вкупна должина од 6000 метри со вкупен улов од 774 парчиња риба охридска белвица, во вкупна тежина од 80,5 килограми.
Уловот бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.