ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.П. (58) од кичевското село Миокази, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, во текот на 2021 година, во својство на овластено лице-претседател на здружение за лов и спортско рекреативен риболов од Кичево, без одлука на Управен одбор, одобрил и овозможил од паричните средства на здружението да се исплатат 24.000 денари за обука и полагање за лиценца за обезбедување на вработен во здружението.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2022 04:31