Полицијата му поднесе кривична пријава на Д.А. (53) од село Воиславци, радовишко, за кражби извршени во манастири и црква во близина на неговото село.
Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, осомничениот кражбите ги извршил во периодот од октомври лани до август годинава.
-Тој се сомничи за пет кривични дела „тешка кражба“ извршени во два манастири и една црква во близина на селото Воиславци. Од објектите најчесто крадел парични средства и други предмети кои биле оставани во верските објекти, изјави за МИА, Трајанова.
Кривичната пријава ја поднело Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во овој град.