Владата на денешната 85-та седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

Како што соопшти владината Прес-служба, пред почетокот на грејната сезона, Владата донесе Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) во државна сопственост, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

– Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на Градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2022 03:46